Меѓународен натпревар Nasa Space Apps Change 2014

Технолози, научници, програмери, дизајнери, претприемачи и студенти од целиот свет ќе учествуваат на меѓународниот натпревар што од денеска се одржува во Скопје.

Учесниците ќе имаат можност да работат на предизвици зададени од страна на NASA, заедно со ментори и експерти од Македонија и светот. Годинава тимовите ќе работат на пет теми-технологија во вселената, летови на човекот во вселената, астероиди, набљудување на Земјата и роботика.

Натпреварот ќе го отвори заменик-министерката за информатичко општество и администрација арта Арсовска Томовска.

Настанот во Македонија се одржува вторпат. Како коорганизатори се вклучени 14 студентски организации, како СП ФИНКИ, СП ФЕИТ, СП МФС, IAESTE… Поддржувач на настанот е Македонски Телеком.

Mеѓународниот натпревар Nasa Space Apps Change 2014 ќе се одржува до недела.

You May Also Like