„Вечер на српски автори“ во Даут Пашин Амам

Српските писатели, академик Горан Петровиќ, Драган Јовановиќ Данилов и Срѓан Тешин гостуваат во Скопје во Даут Пашин Амам …

Нивното дело и книгите преведни на македонски јазик ќе бидат претставени во рамки на „Вечер на српски автори“ што ќе се одржи во Даут Пашин Амам.

Ќе бидат промовирани книгите „Опсада на црквата Св. Спас“ од Петровиќ, издание на „Готен“, „Клетвите на куварот и други гадости“ од Тешин и „Татко на ледените ридови“ од Данилов, изданија на „Икона“.

За делото на Петровиќ ќе зборува академик Влада Урошевиќ а за делото на Тешин и Данилов Александар Прокопиев.

Настанот е во организација на Народната библиотека од Србија, Министерството за култура и информирање на Република Србија, Амбасадата на Србија во Македонија и македонските издавачки куќи „Готен“ и „Икона“.

Гостувањето на авторите е дел од годинашниов настап на Народната библиотека на Србија на Саемот на книга во Скопје.

You May Also Like