Започна сезоната на изнајмување велосипеди

Проектот „Скопје изнајми велосипед“ почнувајќи од вчера, повторно во функција. Со мотото „Остави го автомобилот, вози велосипед“, скопјани и годинава ќе можат да изнајмуваат велосипеди за 10 денари за час на три локации во градот, кај јавното паркиралиште Треска, јавното паркиралиште Плоштад Македонија и  кај Трговскиот центар Бисер во Аеродром.

И оваа сезона граѓаните ќе можат велосипедот којшто е изнајмен од една локација, да го вратат на друга. Доколку корисникот изнајми велосипед од станицата во Аеродром, истиот може да го врати на Плоштад Македонија или пак,  кај јавното паркиралиште Треска.

Велосипедите се изнајмуваат од 07 до 21 часот, а враќањето на велосипедите е најдоцна до 23 часот, преку целата недела. Градот Скопје апелира до граѓаните посовесно да се однесуваат со изнајмените велосипеди.

Проектот „Скопје изнајми велосипед“ стартуваше минатата година како резултат на заедничката соработка на Град Скопје, ЈП Градски паркинг- Скопје, ГЕФ ПМГ ( Глобален еколошки фонд, Програма за мали грантови) и Здружението на граѓани Еко Свест.

You May Also Like