Децата од улица правеа уметност од стара хартија

Плажа, пеперутка, сонце, дрво, беа само дел од насловите на уметничките дела кои ги направија децата од улица изминативе два дена (12 и 13 јули) на работилницата „Создаваме чиста животна средина“ која се одвиваше под менторство на академскиот сликар Сергеј Андреевски.

Работилницата е во организација на Центарот за медиумски активности (ЦМА) и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“.

Децата од Дневниот центар во Шуто Оризари, освен што креираа уметнички дела направени во колажнатехника, учеа и за заштита на животната средина и ја развиваа својата еколошка свест.

Ликовниот уметник Сергеј Андреевски, кој беше и на претходната работилница со овие деца рече дека гледа напредок и дека е направен вистински чекор напред.

Работилницата е дел од регионалната платформа за активизам „Лице в лице“ и е продолжување на активностите кои ЦМА ги почна минатата година со овие деца.

You May Also Like