Ден за „Добри вести“

Денеска (петок, 26 април 2013) во New Оrleans Jazz Bar од 18:00-21:00 часот тимот на веб-страницата dobrivesti.mk организира Отворен ден.

Отворениот ден  dobrivesti.mk (или Приказните од ведрата страна на животот) го организира по повод: „500 денови, 15 месеци или 2.500 објавени прилози.. 1.000 луѓе што не’ следат секојдневно.. од 1 јануари 2012, денот кога тргнавме.. за почеток петмина, денес збогатени со уште толкумина.

Ќе ни биде голема радост ако ни се придружите во дружењето, ако ги споделите со нас впечатоците за нештата што ги изложуваме пред вас“ – велат за настанот.

You May Also Like