Велигденски оперски концерт во Куманово

Денеска (петок 26 април), со почеток во 19:30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи Велигденски концерт на оперските надежи Дарко Тодоровски и Симона Чакарјанева, кои на сцената ќе бидат придружувани од пијанистот Андреј Наунов.

Концертот ќе се одржи во два дела, кадешто првиот е наменет за македонска и руска музика, а вториот за оперски класици.

За прв пат по 10 години во Куманово младите ќе се обидат да го вратат културниот дух во градот, со цел да ја оживеат и операта како посебен жанр.

На концертот најавено е дека ќе присуствува менторот на оперските надежи, примадоната Весна Гиновска-Илкова, како и значајни имиња од Музичката академија.

Дарко Тодоровски и Симона Чакарјанева се студенти во втора година на Музичката академија, отсек оперско пеење. Зад себе имаат бројни настапи на разни концерти. Во својата биографија Дарко се запишува како актер за италијанскиот пазар, топ модел на модната агенција „Подиум“ и заштитино лице на англиската авиокомпанија „Аир Визз“.

Оперскиот концерт ќе биде интегрално пренесен во живо на интернет, со помош на интернет сервисот К-Нет од Куманово.

You May Also Like