Денес на Скопско лето 2011

Денес (петок 15 јули 2011 година) на програмата на Скопско лето 2011 ќе може да проследите:

20:30 часот – Театарска претстава „Свекрва верзија 7“
Драмски театар
НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип
СВЕКРВА Верзија 7

По текстови од: Педро Хуан Гутиерес, Александар Дошиќ, Родриго Гарсија, Ив Енслер, Билјана Крајчевска, Антон Страшимиров

Режија: Софија Ристевска
Драматург: Билјана Крајчевска
Сценографија: Филип Јовановски
Избор на музика: Илија Тирицовски
Сценски движења: Симона Спировска

Играат: Милорад Ангелов, Валентина Ѓоргиевска, Пеце Ристевски, Елица Арева, Анѓелка Љ. Арсова, Марија Минчева

Директор: Наташа Крстевска

„Свекрва, верзија 7“ е театарски простор каде што се разгледуваат проблемите и ситуации коишто својот корен го носат уште од семејството и односите во него, подоцна прераснуваат во проблеми на ниво на глобализацијата и потрошувачкото општество, општество коешто создава брендови за да го претворат човекот во конзумент на материјалното, од коешто единствено големите корпорации профитираат. На тој Западен свет каде што капиталот е основната движечка сила се спротивставуваат проблемите на бедните држави на Истокот – таму основните услови за живот се сведени на минимално ниво, таму децата се робови во фабриките на западните капиталисти, а квалитетот на животот е споредлив со ништо.Човекот во било кој од овие два света станува емоционално изобличен и неспособен.

„Свекрва, верзија 7“ ги споредува овие два света говорејќи гласно за сета нивна болка.

______________________________________________
21:00 часот – Нескафе кино: „Човекот наречен храброст“
Забавен парк „Луна“
True grit (2010), САД
вестерн / траење: 110 минутиРежија: Итан и Џоел Коен
Улоги: Хејли Стејнфелд, Џеф Бриџис, Мет Дејмон, Џош Бролин,…
Награди: 10 номинации за Оскар, награда БАФТА од 9 номинации.

You May Also Like