Со голема свеченост и повеќе активности, утринава (четврток,2 август, 2012) во историското Крушево започна одбележувањето на 109 годишнината од Илинденското востание.
Во моментов во Крушево на Мечкин камен во тек е централното чествување на Илинден Инаку активностите како дел од големата свеченост започнаа утринава на гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот, каде свежи цвеќина положија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, делегација на Собранието, делегација на АРМ и Генералштабот предводена од началникот генерал мајор Горанчо Котевски, на Владата предводена од министерот за надворешни работи Никола Поповски, министерот за животна средина Абдилаќим Адеми, заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски.
Свежи цвеќиња положија и делегации на Советот на манифестацијата Десет дена Крушевска Република, на локалната самоуправа на Крушево предовдена од градоначалникот Василчо Дамчевски, и од Елизабета Канческа Милевска.
Делегациите се поклонија и пред споменикот на Илинденците во месноста Слива.
Во црвката „Свети Никола“ во Крушево во моментов се одржи панихида за покој на душите на Илинденците и на крушевчани кои ги дадоа животите во востанието.