Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ на 5 и 6 август (недела и понеделник) со почеток во 20:00 часот, пред струшката публика ќе биде прикажан македонскиот нискобуџетен филм „Максим“ на Кирил Трајковски.
Филмот претставува динамичен трилер-драма, погледнат од аголот на подвоеноста на една млада личност. Трајковски се јавува како режисер и продуцент на филмот, а ја игра и главната улога.
„Максим“ пред Струга беше прикажан и пред скопската и пред охридската публика.