Во Струга се одржа традиционалната „Ноќ спроти Илинден“

Синоќа (среда, 1 август, 2012 година) во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, се одржа традиционалната, осма по ред „Ноќ спроти Илинден“.

Покрај богата културно-уметничка програма за значењето на големиот датум говореше Стефан Лазаревски, претседател на НВО „Наша Струга“, еден од организаторите на настанот.

„Ноќ спроти Илинден“ беше поддржана и од канцеларијата на пратеничката Лилјана Затуроска и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

You May Also Like