Претставување на манифестацијата “Чаршиска есен” во Старата скопска чаршија

Утре ќе се претставуви манифестацијата “Чаршиска есен” во Старата скопска чаршија, како и Чаршиски појадок со брендот на Чаршијата СИМИТ И ПОГАЧА …

Ширејки ја пораката на солидарност, љубов, единство, слога, празничните денови се секогаш добра можност да се потсетиме на овие универзални вредности кои секоја заедница ја прават подобра, повозвишена, па затоа во пресрет на празниците Курбан Бајрам и Јом Кипур, а по повод започнување на манифестациите од “ЧАРШИСКА ЕСЕН”, се организира конференција за печат со тема претставување на работната програма на здружението ЕСНАФ на Старата Скопска Чаршија – активности до крајот на 2014, како и програмата за 2015 година.

Со приоритет на вклучување на медиумите како партнер на Еснафот на Чаршијата во настаните и активностите кои престојат, со желба за почести неформални дружења, со цел промоција и развој на Чаршијата, создавање нови и посилни врски на пријателство и соживот, отелотворени во мегусебна почит како вековна традиција, воедно по конференцијата ќе се организира Чаршиски појадок со брендот на Чаршијата СИМИТ И ПОГАЧА.

Се очекува да присуствуваат претставници во Владата на Република Македонија, локалната самоуправа, претставници од верските заедници.

Конференцијата ќе се одржи в петок, 3-ти октомври 2014 година, со почеток во 10:00 часот, во Старата скопска чаршија во Дом на занаетчии, велат од ЕСНАФ – Здружение на еснафи на Старата скопска чаршија.

You May Also Like