Во Аеродрoм одржан меморијален полумаратон

Во организација на Маратон клубот „ Делта“, во саботата (22 септември, 2012 година), кај Паркот на езерата, во населбата Аеродром, се одржа Меморијалниот полумаратон „Горан Стојанов“.

На полумаратон во должина од 21 км, учествуваа над 70 атлетичари од целата држава.

Полумаратон беше изборна трка за учество на Светско првенство во полумаратон, што ќе се оддржи на 6 Октомври 2012 година во Каварна – Бугарија.

Оваа спортска манифестација е составен дел од програмата за спорт за 2012 година на Градот Скопје.

You May Also Like