Женска трка во Парк како превенција од заболувања

Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, како дел од промотивните трки на Скопски маратон 2013, утре (недела, 14.04.2013 година), во Градскиот парк – кај Школка, со почеток во 11:00 часот, ќе биде реализирана женска трка – со една единствена цел: Превенцијата од заболувањата, започнете ја со вежбање.

Трките од овој карактер постојот насекаде низ светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнат со активност. Почетокот на спортските активности ќе биде во 10:30 со аеробик вежби на Школка, а во 11 часот ќе стартува Трката на 1 000 метри (1 круг во парк). Патеката ќе биде означена и обележена со конуси и со ленти. По должината на патеката ќе има волонтери.

Котизацијата за женската трка предвесник на Скопскиот маратон е 50 денари, а секоја учесничка ќе добие стартен број. Трката има ревијален карактер, обезбедените награди ќе се поделат со извлекување среќни броеви.

Целата активност ќе се одвива во 2 дела:

1. 10:30 часот – Аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и приспособливи на сите возрасти. Позитивните стимулации се пресудни за расположението кое ќе ги мотивира жените да продолжат со вежбање преку целата година.

2. 11:00 часот – Трка на 1 000 метри. По завршувањето со аеробик вежбите, натпреварувачките ќе бидат повикани на стартната линија, каде што ќе им се објасни патеката. Трката ќе заврши за 10 – 15 минути.

По завршување на трката ќе биде организирана лотарија за сите учеснички во трката и ќе бидат доделени награди од спонзорите на трката. Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт организаторите на Скопски маратон сакаат да го изменат, почнувајќи од недела.

You May Also Like