На шест пријавени фирми на скандалозниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2019 година, во делот за музичко-сценска дејност една како по правило е од Тетово.
Само фирмите од Тетово, кои претежно аплицирале за организации на концерти и фестивали на годинешниот конкурс, имаат добиено конкурси од над 8 милиони денари или 133 илјади евра. Со тоа фирмите од Скопје и Тетово се на врвот на листата по добиени најмногу проекти од годинешниот конкурс за проекти од национален интерес во културата.
Ова беше и само една од забелешките во јавноста за фаворизирањето одредени проекти на сметка на други – одбивањето проекти кои имаа долгогодишни традиции, како што се скопскиот Џез-фестивал, „Оффест“, „Златно славејче“ и многу други предизвикаа жестоки реакции во јавноста, оставка од Советот за култура даде театарскиот режисер Зоја Бузалковска, а актерот Оливер Митковски, еден од членовите на комисиите, даде издвоено мислење во кое го критикува изборот.
„Макфакс“ при проверката на компаниите што аплицирале и добиле пари за проекти пронајде и други недоследности. Повеќето од фирмите, претежно оние од Тетово што добиле парични средства, се формирани неколку дена или неколку месеци пред отворањето на конкурсот…
Извор. Макфакс