Трибина: „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби “

Во рамки на проектот „ Уметност за сите “, Националната галерија по втор пат ќе организира трибина посветена на култоролошките активности на лицата со посебни потреби.

5 април 2019 година, 13:30 часот во Чифте амам

Во рамки на проектот „ Уметност за сите “, Националната галерија по втор пат ќе организира трибина посветена на култоролошките активности на лицата со посебни потреби. Како резултат на долгогодишниот револт од секојдневната дискриминација и маргинализација на лицата со нетипичен развој, една од нашите цели е токму тоа, нивно вклучување во што поголем број на културни активности, а посебно во процесот на создавање на уметност. Ваквите процеси и случувања потребно е системски да се решаваат во заедничка соработка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образованиее, невладиниот сектор, училиштата, родителите, што ќе овозможи детектирање на проблемите и нивно решавање, но пред се квалитетен живот од најрана возраст.

Националната галерија на Македонија преку организирање на вакви трибини посветени на лица од ранливите категории ја промовира културата на прифаќање и интеграција на истите.

Трибината ќе се одржи во објектот Чифте амам денес (петок, 5-ти април 2019) со почеток во 13:30 часот. Говорници на трибината ќе бидат:

· г-ца Мила Царовска, министер за труд и социјална политика

· државен секретар, Министерство за образование и наука

· д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната Галерија на Македонија

· м-р Драги Целевски, државен советник, Народен правобранител

· Проф. Ибрахим Беди, Факултет за ликовни уметности, Скопје

· Проф. Владимир Мартиновски, Катедра за општа и компративна книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје

· Ивана Василевска Петровска, дефектолог, МНЗА

Говорниците и гостите ќе имаат можност да уживаат во амбиентот на изложбата „ Пролет, лето, есен, зима… и повторно пролет“ изработена од деца со аутизам како и да го погледнат краткото видео снимено во текот на креативните работилници, изработено од Кирил Шентевски.

You May Also Like