Возобновување на „Поткозјачки литературни средби“

Во петок, 26 октомври, во 19.00 часот во Занатскиот дом во Куманово ќе се возобнови манифестацијата „Поткозјачки литературни средби“.

Настапуваат писатели од Скопје и Куманово: Биљана Станковска, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Христо Петрески и Љерка Тот Наумова, Вања Изова Велева, Катерина Димитриевска Арсеновска, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Марина Мијаковска, Сања Атанасовска, Мито Спасески, Трајче Кацаров, Снежана Стојчевска, Ана Љубиќ и Оливера Доцевска, како и пејачката Мартија Станојковиќ, Хорот на Здружение на пензионери Куманово, КУД Ѓоко Симоновски, Денс Студио МАК и Dance Team Fusion.

Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Куманово, Димитриевски, а во рамките на денот на одбележувањето на ослободувањето на Куманово.

Оливера Доцевска, претседателка на „Јустиција“, еден од организаторите на возобновените „Поткозјачки литературни средби“ изјави:

Претставува голема чест и задоволство да ги возобновиме Поткозјачките литературни средби, како национална литературна манифестација, со претходно долга традиција, средби кои беа неизоставен дел од книжевните моменти на градот Куманово, но и на просторите на Балканот. Поддршката која што ја имаме од самиот почеток на оваа иницијатива до утре кога ќе се одржи и желбата на Градоначалникот  и Општина Куманово, но и сите институции од областа на културата и образованието и видни сограѓани, да дадат максимален придонес кон развојот на културата и образованието во Куманово и пошироко, е од суштинско значење за почетокот и развојот на оваа манифестација…“, вели Доцевска.

Трогателно е кога се гледа желбата на Куманово и неговите граѓани и граѓанки да се учествува и даде солидарна поддршка во еден настан кој претставувал некогаш душа на градот. Се надеваме дека за наредната 2019 година, ќе имаме уште посилна поддршка, на национално ниво, со која ќе овозможиме видни и афирмирани европски и светски литературни дејци, да го посетат Куманово и Македонија и Поткозјачките литературни средби да ја манифестираат својата поширока меѓународна димензија“, заклучува, Претседателка на „Јустиција“.

Мишел Павловски, од Центарот за култура и културолошки студии потцрта дека: „Поткозјачки литературни средби“ е замислена како „средба на различни генерации и жанри, на широк собир кој ќе презентира мноштво поетики и естетики, серија различни гледања и пристапи на литературата и уметноста воопшто.

You May Also Like