Викендов завршува „Бит Фест“

Со традиционалната манифестација „Широк сокак во бело“ на која вечер ќе настапи македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски, а утревечер познати ди-џеи, во Битола ќе заврши годинешното битолско културно лето „БитФест“.

Изборот на програмските содржин го изврши стручен селекторски тим, а општина Битола издвои 5,24 милиони денари со што се овозможи непречена реализација на културни настани во различни категории кои ги презентираа поединци и организации од градот, државата и странство.

На „БитФест“ синоќа се одржа перформанс под наслов „Жени“ на кој пет храбри жени, говореа за нивната борба со болеста рак на дојка, пренесувајќи лични искуства за траумите и болките што ги преживеале, како и начини за поефикасна борба против рак на дојка.

Вечер на „БитФест“, пред завршната музичка манифестација „Широк сокак во бело“ ќе претходат промоција на книгата „Етнографија и антропологија на Македонците „нашинци“ од македонско-албанското пограничје“ на авторот д-р Мери Стојанова и изложба слики, графики и скулптури „Мал формат“ која во својот ликовен салон ја организира Друштвото на ликовни уметници од Битола.

You May Also Like