Неодамна (октомври 2020 година) во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, се одржа ретроспективната изложба на Павле Кузманоски.
COOLTURA.mk изработи видео со една прошетка низ самата изложба на Павле Кузманоски.
Остварил четири студиски престои во Париз во Cite Internationale des Arts. Учествувал на преку 30 меѓународни ликовни колонии во земјата и во странство.
До сега приредил 53 самостојни ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои во Париз (Cite Internationale des Arts во 2000 и 2004), во Берлин (во Art Center Galerie, 2009), во Нирнберг (во Ehrenhalle des Rathauses, 2009), во Њујорк, (во Македонскиот културен центар), во Виена (воPalais Porcia, 2012) и други.
Учествувал на преку 250 групни изложби во земјата и во странство.