Неодамна (октомври 2020 година) во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, се одржа изложба „Како што е“ (As it is) на уметникот Антони Мазневски.
Антони Мазневски (27 мај 1963 година, Скопје) — македонски сликар, скулптор и професор на Факултететот за ликовни уметности во Скопје.
Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 1991 година. Во 1995 имал студиски престој на Меѓународната летна Академија во Салцбург (Австрија), а во 1997 во Њујорк, посетувајќи ја програмата ArtsLink. Од 2003 година предава сликарство и цртеж на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.
Во 2005 година ја претставувал Македонија на Биеналето во Венеција. Темелно ги истражува можностите на разните ликовни дисциплини (сликарство, скулптура, објект, цртеж, инсталација), создавајќи загадочни концептуални проникнувања меѓу надреалното и реалното.
Самостојни изложби
2008 – Скопје, Мала станица, НГМ
2006 – Скопје, Мала галерија
2005 – Венеција, Венецијанско биенале, „Бродот на Моцарт“
2004 – Скопје, Музеј на современата уметност
2003 – Париз, Галерија на Е.М. Сандоз и М. Давид-Вејл
2002 – Скопје, Музеј на град Скопје
1999 – Скопје, CIX галерија
1998 – Скопје, CIX галерија
1997 – Скопје, Младински културен центар
1996 – Скопје, Музеј на современата уметност
1992 – Скопје, Културно информативен центар