Бранислав Светозаревиќ ги заќуте бугарските новинари во Мала Преспа во Албанија

Докторот по историски науки и поранешен директор на Музејот на македонската борба, д-р Бранислав Светозаревиќ им одржа вистинска лекција на група бугарски новинари, кои се соочија едни со други во областа Мала Преспа во Албанија.

На ова скоро 20 миниту долго видео можете да ја проследите жестоката дискусија за историјата и потеклото на македонскиот народ, во која Светозаревиќ поентираше кога им рече на бугарските новинари, дека тие всушност зборуваат на македонски јазик, со додадени руски зборови.

-Каков шовинизам е ова, во 21 век Бугарите не признаваат цел народ, а Бугарската академија на науките во документ запиша дека во Македонија имало 1,4 милиони Бугари. Зошто 300.000 Македонци не се во бугарскиот Устав? Дали знаете дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци, само во Пиринска Македонија? Вашиот јазик е современ бугарски, но неколкупати го менувавте правописот и додадовте руски зборови. Вие зборувате македонски јазик со руски зборови, им кажа Светозаревиќ.

You May Also Like