(видео) Прошетка низ изложбата Илустрации од Димитар Кондовски

Во просториите на Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица, во текот на месец октомври и ноември 2020 година се одржа изложбата на илустрации од Димитар Кондовски во организација на Литера.

Димитар Кондовски (Прилеп, 30 септември 1927 – Скопје, 10 август 1993) — сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот на македонското современо сликарство во шеесеттите години. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите „Денес“ и „Мугри“. Се занимавал со сликарство, илустрација, сценографија, графика, пишувал критика. Професор бил на Педагошката академија во Скопје.

Значаен ден од неговото творештво се и илустрациите, кои ќе останат дел од колективното сеќавање на многу генерации.

You May Also Like