Валентина Илијевска со перформанс во Сараево

Македонската уметничка Валентина Илијевска ќе се претстави на 35-от фестивал „Сарајевска зима“ со наслов “Бучава и бес“ 2019 во Сараево во БиХ. Перформасот ќе се одржи во просториите на “Дом оружаних снага“ во Сарајево на (денес) 14-ти март, со почеток во 15 часот.

Претходно, во склоп и реализација за изложби во 2016 година беше отворена изложбата Екологирање за Еко Лобирање- „Она што е отпад за еден, е инспирација и богатство за друг“ при ДЛУМ – (Друштвото на ликовните уметници на Македонија) во просториите на Дом на АРМ во Скопје. Во тој дел таа се претстави со перформансот „За тебе – Ако животот завршил за еден (тебе), тогаш за друг допрва започнува“.

  • Перформансот е едно поистоветување на авторот како човек и како уметник. Разговор со битието, соочување со круцијалната и есенцијалната карика, која човекот ја поседува. Во физички облик тоа е срцето, главниот инструмет и двигател во човечкото тело. Во перформансот се обработува тематиката за дуалистичката природа на овој орган, односно за неговата духовна природа. Често ние луѓето доаѓаме во конфликтна ситација со која ретко се соочуваме, се до оној момент, што би се рекло, дур човек не осети на своја сопствена кожа не може ниту да претпостави што би можело да се случи, вели Илијевска во врска со своето дело со кое се претставува.

Од голем и важен карактер е перформансот, каде што е засегнат односот и размислувањето на околината кон ставот на уметникот. Уметникот често и истовремено е критикуван и вреднуван од истоимената околина. Уметникот има свои идеи, креации и верувања, каде што искрено настапува на сцена со нивна реализација, творејќи со една гласна порака за човештвото и универзумот. Истите тие и не треба да се заборават.

  • Интервенции се вршени на овој орган за целите на перформансот, поистоветени со нанесените и претрпените удари од околината. Од едната стран има видливи траги од зашиени црни и бели конци, кои ме потсетија на зборите на мојот стоматолог М.Џ.Величковска. “Ако раната е голема и длабока и не може да се излечи, тогаш сошиј ја за да може да се затвори и да се исцели“. Ќе се послужам и со зборовите на канадскиот поет Шејн Л.Којзан “Ако срцето ти е скршено, тогаш направи уметност од неговите делови“, потенцира авторката.

Овој перформанс е подржан од страна на фотографот Милош Нешковски, член на познатиот Фото Кино Клуб “Козјак“ од Куманово, каде што во склоп со самата изведба ќе бидат поставени изготвените неговите фотографии. Нешковски како стручен соработник од овој перформанс, ќе биде и дел од реализацијата, но и како подржувач од публиката во Сарајево.

  • Перформансот го посветувам на сите оние кои сеуште веруваат во бајките и приказните, во магијата на животот. За оние кои што знаат дека никогаш не е доцна, вели авторката Илијевска за своето претставување пред сараевската публика кое ќе се случи денес.

You May Also Like