Филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, следната година ќе биде македонскиот кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“.
Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ , прифатена и одобрена од американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов да биде национален кандидат на Македонија за оваа награда за 2020 година.