Предвидена е седумдневна програма која опфаќа секаков вид уметност, со цел, меѓу младите да се предизвика колективна рефлексија на последиците од моменталната ситуација со пандемијата, но и да се разбуди креативната уметничка свест. Освен визуелната уметност, литературата, музиката, ќе има и театар.

Влезот за настаните е слободен.

Програмата ќе започне со настапот на Никола Јовановиќ со својот сатиричен монолог во 20.00 часот. Во сабота (27.02) програмата продолжува со „ноќ на трагикомедијата” на која ќе настапат: Христина Пентиева со драмски монолог насловен „Анка и Дигиталка“ во 18.00ч. и Емануела Ковачевска Китановска со својот драмски монолог „Без Наслов“ во 20.00 часот. Во недела (28.02) ќе се одржи ноќ на поетско читање со почеток во 18.00 часот.

На настанот ќе учествуваат поетите:

Светла Јакшиќ
Софија Тодороска
Диме Данов
Лиле Стефановска
Горазд Китановски и
Исток Улчар

Во понеделник и вторник (1-2.03.2021) изложбата ќе биде отворена за посета. На 03.03 (среда) програмата продолжува со настап на Poetry Slam Macedonia на кои изведувачи ќе бидат:

Игор Трпчески
Ива Дамјановски
Ана Голејшка Џикова
Горазд Кени Китановски
Емануела Ковачевска Китановска

Во текот на четврток (04.03) изложбата ќе остане отворена за посета, по што ќе се затвори.

Бројот на посетители е ограничен.

Од особена важност е да се запазат мерките за заштита од Ковид-19 според официјалните протоколи. Носењето на заштитна маска е задолжително, се препорачува употреба на средства за дезинфекција и потребно е да се одржи соодветното меѓусебно растојание.