Специјална проекција на македонскиот филм „Копање“

Долгометражниот игран филм „Копање“ на Мартин Иванов и Ивица Димитријевиќ денеска (четврток, 4 септември)ќе има специјална проекција во кино „Фросина“ во 18 часот во рамките на фестивалот „Киненова“. По проекцијата ќе се одржи сесија на прашања и одговори со режисерите.

Филмот е работен според истоимената претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер, која беше поставена во Македонскиот народен театар во април минатата година.

Во 20 часот во киното „Фросина“ ќе продолжи ревијата на норвешки филмови со проекција на „Утоја – 22 јули“ на режисерот Ерик Попе. Филмот е за нападот од јули 2011 година на норвешкиот остров Утоја каде повеќе од 500 млади луѓе биле на политички летен камп.

„Киненова“ во 19.15 часот во МКЦ организира и трибина: „Македонскиот независен филм“.

You May Also Like