„Охридско лето“ во рамки на активностите што ги спроведува надвор од редовната фестивалска програма, организира голем солистички концерт на пијанистот Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните и интересните изведувачи на денешната класична музичка сцена.
Концертот поддржан од Италијанската амбасада во Република Македонија ќе се одржи на 18 декември (вторник), во фоајето на Македонска Опера и Балет во Скопје со почеток во 19 часот.
Неговиот концерт во Скопје е дел од зимската понуда за љубителите на класичната музика, а тенденцијата е, светски познати уметници да ја збогатуваат културната понуда на фестивалот, не само во стандардниот фестивалски термин од 12 јули до 20 август, туку и во текот на останатиот дел од годината.
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ , претходниот месец, во црквата „Света Софија“ се одржа концерт на исклучително талентираните млади руски музичари, пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко.
Инаку за италијанскиот пијанист од Бари критиката вели дека располага со огромен репертоар, од музиката на Бах до современата музика, со силен афинитет кон композиторите од САД.
Тој исклучително талентиран и виртуозен пијанист постојано развива нови проекти и ги следи новите идеи и иновативните програми во светот на музиката. „Кружни полноќни варијации“, збир од 16 композиции кои експресивно биле напишани за Арчиули од композитори како Крамб, Бабит, Кернис, Ржевски, Торке, Даугерти, Болком и Харбисон, неодамна го предизвикаа интересот на меѓународните критичари. Варијациите издадени од „Страдивариус“ на Це-де под наслов „Околу полноќ – Омаж на монахот Телониус“ во мај 2011 година, се прославени од страна на меѓународната стручна критика.
Неговите бројни снимки (Чандос, Страдивариус, Иннова, Ваи, Бриџ, Вергоитн.) го вклучуваат насловот „Врати до секаде“, со музика на Карла Блеј, ФредХерш и ЧикКореа, комплетните дела за пијано на Берг и Вебер, светската премиера на концертот за пијано и оркестар на Бруно Мадерна, како и многу американска музика.
Компакт-дискот на Аричули, посветен на Џорџ Крамб беше номиниран за „Греми“ награда, а неговото Це-де со дела на Адамс и Ржевски ја доби наградата на италијанските критичари за најдобрас нимка во 2006 година. Неодамна „ВАИ рекордс“ издаде ДВД со музика од Ивес Конкорд Соната. „Прошетка во убавина“ со две ЦД-плочи тукушто издадено од Иннова, содржи музички композиции од американски композитори како Ј.Л. Адамс, Бресник, Доерти, Ган, Гарланд, Хајдон, Балард и други.
Емануеле Арчиули редовно настапува во големите концертни сали и фестивали, како што се Берлинскиот фестивал, Виен Модерн, ЛаСкала Милано, Биеналето на Венеција, Фестивалот за пијано во Мајами, Милерб театарот во Њујорк, Маџо Музикале Фиорентино, Фестивалот на камерна музика Санта Фе, како и на Меѓународните фестивали за пијано во Бреша и Бергамо.
Во мај 2011 година Емануеле Арчиули беше награден со најважната награда на италијанската критика „Премио Франко Аббати“. Во освојувањето на оваа награда, Емануеле Арчиули ги следи стапките на Маурицио Полини, Раду Лупуи Зубин Мехта. „Овој пијанист беше авторитативна фигура на повеќеслојниот хоризонт на сите нешта кои се модерни веќе со години, додека истовремено се зачувува поврзаноста со традицијата“, беше коментарот на стручното жири.
Арчиули предава современа музика на Академија ди Пинероло, професор е на Конзерваториумот во Бари, а исто така е чест визитинг-професор на многу американски универзитети.