Со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ Музејот на град Скопје, по повод 70 години од своето постоење ќе гостува во Музејот на Нови Сад, Петроварадинска тврдина.
Изложбата ке биде отворена од 4 септември до 4 октомври. Автори на изложбата се кустосите Снешка Лакалиска, Драгица Живкова и Игор Кузманоски.
На изложбата ќе бидат презентирани 110 предмети кои ги отсликуваат различните аспекти од животот на Скопското Кале во средновековниот и османлискиот период, со акцент на керамичкиот материјал.
Изложените предмети го покажуваат богатиот културен живот на Скопското Кале, но и влијанијата од развиените средновековни културни центри.