Во ликовниот салон во Велес синоќа (петок, 14 декември) беше отворена изложбата „Брутална вистина или Баханалии“ трета по ред од академскиот ликовен уметник Трајче Чатмов, велешанец кој живее и работи во Скопје.
На изложбата се претставени 40 дела, масло на платно во експресионистички стил, создадени изминатите три години.
Како што појаснува Чатмов, ликовната изложба е жива материја затоа што тој ќе продолжи да ја зголемува со нови дела ќе биде циклус, кој ќе го претстави во повеќе градови во земјава,а планира да ја изложи и во странство.
- Моите дела се размисли за било што: секојдневие, политика, љубов. Колоритот во моите слики е суштествено поврзан со прикаската која се раскажува и е помошно средств оза да се нагласат некои елементи со што би се истакнала драматиката во приказот,нагласувајќи ги чувствата кои треба да бидат пренесени, а кои гледачот треба да ги доживее. Не следејќи ги традиционалните принципи, цртежот доаѓа редоследно по чистата боја на која само и дава облик и го допрецизира приказот, појаснува Чатмов.
Анита Василкова Мидоска истакна дека Трајче Чатмов го има сензибилитетот на Петар Мазев и затоа таа како директор на велешкиот Народен музеј, му нуди наредната негова изложба да се престави во фоајето на Спомен костурницата каде се наоѓа и муралот на Петар Мазев.