Вечерен танц на Куклите – вечер на сериозна музика

Здружение “Етно Ризница” Куманово организира “Вечерен танц на куклите” – вечер на сериозна музика, на 10.10.2018 на локалитетот Камени Кукли,  кај село Куклица (Кратовско), со почеток во 19 часот.

На настанот публиката че може на чуе дел од најзначајните дела од областа на сериозната музика (дела од Ж.Бизе, П.И.Чајковски, Ф.Шуберт итн.) во интерпретација на ТРИО КОЛЕГИУМ.

ТРИО КОЛЕГИУМ се формира како спонтана соработка помеѓу тројцата колеги и долгогодишни пријатели во 2017 година. Триото го сочинуваат Александра Коцевска – мецосопран, Глигор Гелебешев – пијано и Менка Богоевска – виолина.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, како дел од проектот “Нов културен бран 2018”.

You May Also Like