Со декрет на Претседателот Клаус Вернер Иоханис 8 декември е “Ден на Македонскиот јазик“ во Романија

Македонската заедница во Романија одбележа значајна победа во етаблирањето во романското општество.

Благодарение на Мариана Венера Попеску, пратеник од Македонската заедница во Романскиот Парламент, се исполни визијата на културната манифестација Мисиркови денови во Романија.

Голема заслуга за оваа придобивка и афирмација на Македонскиот јазик во романското општество имаше покојната Лијана Думитреску која беше прв пратеник од Македонската заедница во Романскиот парламент. Пратеничката Лијана Думитреску беше прогласена и за македонски сенатор со одлука на Генералното собрание на Светскиот Македонски Конгрес во 2000 година.Македонците во Романија, мотивирани се со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители кои го одбранија заслуженото место на македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците – во оваа свечена пригода изјави Мариана Венера Попеску.

-Македонците во Романија, мотивирани се со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители кои го одбранија заслуженото место на македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците – во оваа свечена пригода изјави Мариана Венера Попеску.

8 декември како “Ден на Македонскиот јазик во Романија“ е определен со Декрет на Претседателот на Романија, Клаус Вернер Иоханис, број 625 од 26 јули 2018 година за прогласување на Законот за основање на Денот на македонскиот јазик, во согласност со членот 77 став 1 и членот 100 став 1 од Уставот на Романија.

You May Also Like