Уметници од Македонија викендов ќе ја изразат својата креативност на различни локации низ Струга на првиот фестивал на муралот „Мурал фест Струга“.
Организатор на настанот е ликовниот уметникот и професионален фотограф, стружанката Кристина Затуровска во соработка со здружението „Силинг арт“ од Гостивар.
– Направивме нов вид фестивал со кој би сакале да ги привлечеме младите телентирани уметници да бидат дел од модерната историја на градот со тоа што малите и тесни улички, кои имаат различни приказни би ги претвориле во урбани и забавни, вели Затуровска.
Целта е разубавување на градот и добивање нов лик. Тоа ќе ја зголеми туристичката понуда, а Струга да прерасне во град на уметност, град кој ќе ги забавува и инспирира луѓето од сите возрасти
Во рамките на фестивалот, в недела, во Паркот на поезијата ќе се одржи детска работилница за цртање пропратена со забава и музика.
„Мурал фест Струга“ е дел од проектот „Нов културен бран“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.