Најпознатиот „007“ часовник слави 25 години

Пред еден век, носењето рачен часовник со свечено одело беше признак на невкус…

Според тогашниот бонтон, една отмена личност мора да го посвети своето цело внимание на домаќините и на гостите на свеченоста, и да не остави впечаток дека постојано го следи времето.

По неколку децении, носењето тенки рачни и елегантни часовници стана прифатливо, а за тоа во 1962 година придонесе и новиот акциски херој – британскиот таен агент 007 – Џејмс Бонд.

Современото олицетворение на бесмртниот филмски лик, што е малку и поемотивен и поизразит, во првиот филм со Пирс Броснан од 1995 „Златно око“, му донесе светска слава на кварцниот „Омега СМ 300-М“, првпат произведен 1993 година.

Точно 25 години подоцна, на годинашниот Саем во Базел, е промовиран нов „Симастер Дивер 300-М“, во 14 модели, од кои шест се од не’рѓосувачки челик, а осум од мешавина од челик и злато.

Новите модели имаат Хронометар калибар 8800 механизам со МЕТАС сертификат, пречник на куќиштето од 42 мм и нова керамичка основа, наместо алуминијумска, и е водоотпорен.

You May Also Like