Во среда, на 19 септември, во објектот Даут пашин амам, ќе се промовира монографијата посветена на уметничкото творештво на македонскиот автор, Адем Кастрати.
По изложбата која во месец јуни 2018 се отвори во Даут пашиниот амам, истата се затвора со промоција на монографско издание посветено на творештвото на македонскиот уметник Адем Кастрати.
На отворањето на изложбата во јуни, пред бројната публика беше изложен дел од творештвото на овој автор, кој најголемиот дел од својот живот го поминал творејќи во Скопје.
На промоцијата ќе говорат авторот на монографијата проф. Миџаит Положани и промотoрот на истата, кустосот Соња Абаџиева.