Изложба “Landscapes” на Ангелина Поповска

Денес (петок, 14.09.2018) со почеток во 20:00 часот во Изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ – Куманово ќе биде отворена самостојна изложба, под наслов “Landscapes” нa авторот Ангелина Поповска.

Aнгелина Поповска остварува повеќе групни и самостојни изложби во земјата и странство и повеќе први награди.

Изложбата Landscapes е содржина на 20-тина дела изработени на плексиглас и комбинирана техника со извонредна технолошка вештина во комбинирањето на врзивата и боите во еден современ сплет, апликации и провидност, кој е одраз на оваа сликарка.

————————————————————

Ангелина Поповска, родена 1967, во Ѓеорги Ѓеоргиу-Деж, Романија.

1986-1991 – Завршува Факултет за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Симон Шемов.
2005 – Магистрира на Факултетот за применети уметности во Белград, Србија на отсекот за конзервација и реставрација на икони и штафелaјни слики под менторство на проф. Гордана Кусовац и проф. Светислав Николиќ.
2012 – Докторира на Институтот за национална историја во Скопје ментор др. Димитар Ќорнаков и проф. Драган Булатовиќ.

Од 1993 година редовно работи во Ну Национален конзерваторски центар-Скопје во лабораторијата за конзервација на икони.

Изложбата е подржана од Министерство за култура, a за посетителите ќе биде отворена до 28 септември 2018 година.

You May Also Like