Промоција на монографијата „Поп Глам“ на авторот Златко Глигоров, ќе се одржи во четврток (18 април) во Даут пашиниот амам, со почеток во 20 часот. За авторот реч ќе имаат промоторите отец Стефан Санџакоски, и проф. д-р Иван Џепароски.
-
- „Маестро Златко Глигоров е еден од повеќето македонски сликари кој им се враќа на ликовните корени на својот народ на еден целосно современ начин. Со изразните средства својствени за Pop-glam-art-от се обидува да му се приближи на доживувањето и вдахновението на светите пишувачи на икони. Зашто сега кога иконата повторно си го врати местото кое од искона ѝ припаѓа во духовниот живот на православниот човек, на сите им станува јасно, дека таа ја негува згуснатата убавина на историјата на светот…
- ...Маестро Златко Глигоров во византиско-словенското иконописно предание го бара и го пронаоѓа внатрешното единство и истоветноста, потем потребата од една подлабока вистина и интересот по она што е вечно во минливите форми на животот…
- …Уметноста на маестро Златко Глигоров произлегува од уметноста со литургиска функција. Поради тоа таа располага со потенцијални можности за враќање во литургиска функција. Таа произлегува од храмот и постои за да му се врати на храмот. Темелејќи го своето искуство во богоносното искуство на светите византиски сликари, маестро Златко Глигоров создава своја технотропија (стил). За неговиот стил не се наоѓа аналогија во современата ликовна уметност. Маестро Глигоров твори ослободен од стравот дека произведува кентаурски вообличено уметничко дело. При секој обид за синтетизирање на две целосно противречни содржини, какви што се: целосно световното и целосно религиозното, уметникот паѓа во сумошедствена состојба…“, вели во својот осврт кон делото на Глигоров, отец Стефан Санџакоски.
Златко Глигоров е роден 1961 година во Кавадарци.
Завршил Педагошка Академија група ликовна 1982-1984 во Скопје, во класата на проф. Ристо Калчевски – сликарство, студент е на Академија уметности Београд – Приштина 1984-1987 оддел сликарство, дипломирал на факултет за ликовни уметности – 1994-Скопје во класа на проф.Танас Луловски, на одделот сликарство-графички дизајн.
Член на ДМЛУК- 1978-86 Кавадарци,
Член е на ДЛУМ од 1993 година.
САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ
-1982-Кавадарци-Луна бар,
-1984-Приштина-Дом културе Боро и Рамиз,
-1984/85-Скопје/Дом на младите-25Мај,
-1985-Београд студенски центар-Карабурма,
-1986-Приштина-Дом Културе Боро и Рамиз,
-1987-Скопје-Галерија 7,
-1989-Загреб-галерија VTF,
-2007-Монументално дело- Галичник-црква Св Петка зографирање на фрески и изработка на метални икони
-2010/2011-Скопје-изложба во дневен весник „Нова Македонија“ од 13.10.2010до20.04.2011,
-2013 Монументално дело ,,Апотеоза на театарот,, изработено во Македонски Народен Театар Скопје,
-2013 – Изработка на дизајн по конкурсот од Народна Банка на Република Македонија на новите монети од 200 и 2000 денари.
2014/2015 Изработка на дизајн на монографија каталог на скулпторот Сретко Јованоски
2016/2017 – Изработка на дизајн за ЦД (Целокупен материјал во книга) – Sound of Macedonia
2017-2018 – Подготовка и изработка на дизајн на монографија на моето творештво – „Поп Глам“
2015 – Годишна награда за сликарство на ДЛУМ „Никола Иванов – Балтон“ – Скопје
2017 – Годишна награда на ДЛУМ Скопје – За нов медиум
Голем број групни изложби. Сеуште продолжува со истражувањата во фреско сликарството, металната икона, како и во нашата иконографија во модерен израз како поп арт.
Во меѓу време и сега, како дизајнер има изработено голем број на логоа, плакати, флаери, знамиња и друг вид на промотивен материјал, со неговиот препознатлив стил.
Александар Ристевски