Промоција на книгата „Жена вредна злато“ од Сашо Тасевски

Долго најавуваната промоција на книгата „Жена вредна злато“ од Сашо Тасевски утре вечер (вторник, 12 ноември) во 19 часот, во Драмски Театар во Скопје.

Книгата „Жена вредна злато“ од македонскиот познат актер Сашо Тасевски утре вечер на 12.11.2019 година ќе ја има својата промоција со почеток во 19 часот во Драмскиот Театар во Скопје.

Македонската читателска публика помеѓу која Сашо Тасевски е афирмиран и омилен автор после неколку годишна пауза ќе може да прочита нова книга од Таевски. Книгата „Жена вредна злато“ се разликува од сите претходни книги поради тоа што е трилер во кој постоечки и реални ликови од нашиот јавен живот се преименувани и прикажани сатирично.

Промоцијата ќе биде од разнолик карактер, бидејќи освен промоција на книга, ќе се случува и уметнички перформанс, музички точки, но и потпишување на книги од страна на авторот. Промотори на книгата ќе бидат: Тања Алексиќ, Наде Молеровиќ и д-р Ф. Петровски, додека модератор на промоцијата ќе биде Магдалена Стојмановиќ.

Книгата ќе биде од продажен карактер, а сите присутни ќе имаат можност да добијат и потпис на својата книга од авторот.
Од среда македонската публика книгата ќе може да ја купи низ книжарниците на „Икона“ чие издание е „Жена вредна злато“.

You May Also Like