Изложба на слики и мозаици во АРМ

Синоќа (сабота, 25 Мај) во домот на АРМ во Скопје, беше отворена изложба на слики и мозаици на Цветанка Темкова Илова од Кавадарци и Наташа Димитријевиќ од Врање.

На изложбата можат да се видат дела од две уметнички кои ги спојува љубовта кон класичното сликарството, но и сликањето со  камен.
Цветанка Темкова Илова  и Наташа Димитријевиќ  ги претставуваат своите размисли за тоа како ги гледаат пределите околу себе.

Цветанка Темкова Илова, дипломира на Факултетот за Ликовна уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Шемов сликарски оддел со конзервација и реставрација.

Наташа Димитријевиќ, првите 2 години од факултетското образование ги поминува во Скопје, подоцна се префрла на Факултетот за ликовни уметности во Белград каде што дипломира и магистира на сликарски оддел

You May Also Like