Платформа-современ танцов перформанс како дел од соработката на Искра Шукарова со Чарлс Слендер Вајт и Лијан Бурнс од САД…
На 16 ноември во 20 часот ќе биде прикажан едукативно-уметничкиот процес/презентација на студентите при ФМУ-УКИМ во фоајето на приземје при ФМУ.
Од 11 до 15 ноември како дел од активностите на Искра Шукарова ќе продожи програмата Номад ту Номад како дел од НВО Номад Танц Академија Македонија и ФМУ-УКИМ каде овој пат ќе гостува како предавач Чарлс Слендер Вајт и Лијан Бурнс од САД. Слендер и Бурнс ќе работат со студентите при ФМУ катедра за балетска педагогија отсек современ танц.
Главната цел на програмата Номад ту Номад е да овозможи видливост на катедрата за балетска педагогија при ФМУ низ прикажување на танцов процес во соработка со реномирани педагози и кореографи од странство. Досега беа реализирани веќе неколку успешни перформанси на Шукарова со кореографи од странство како “Проект М” со Грегор Каминикар од Словенија и “Чудна Шума”со Урсула Еагли од САД.
Изведбата на Платформа е приказ на 5 дневниот едукативно уметнички процес/соработка помеѓу студентите од ФМУ-УКИМ и предавачите од САД
Во Македонија Чарлс Слендер – Вајт и Лијан Бурнс ќе работат со студентите при ФМУ на нов колаборативен проект/презентација. Презентацијата со студентите е инспирирана од композициската рамка која тие веќе ја имаат креирано како дел од нивниот современ танцов дует Платформа.
Платформа, е подржана од ОДЦ Театар во форма на дует кореографиран и извден од Лијан Бурнс и Чарлс Слендер Вајт. Платформа е инспирирана од албумот на Холи Херндон. Испитувајќи ги релациите помеѓу луѓето и дигиталниот простор дефнирајќи ги релациите кои произлегуваат од алгоритмите креирани при самиот процес.
Чарлс Следер – Вајт ја почнал својата кариера во Провиншал Денс Театар во Екатаринесбург Русија. Тој ја оснива компанијата Факт/СФ во 2008. Слендер има работено и кореографирано во повеќе земји подржани од департментот во САД. Тој е еден од 32 предавачи на каунтер техника во светот. Слендер ги завршил своите студии на Универзитеот Беркли во САД. Сленер има настапувано во САД и повеќе земји во Европа како и на Балканот.
Лијан Бурнс во 2018 работи во Портланд САД, во Шаун Кејлок Компани и Пуш Фолд. Таа работи со членови од компанијата од Сан Франциско Факт/СФ како и други. Бурнс има завршено студии во Универзитетот Чапман и танцови студии во Израел. Бурнс има настапувано во Лос Анџелес, Израел, Бугарија, Србија и други земји.
Програмата е подржана од фондацијата Trust for Mutual Understanding.
Програмата Nomad to Nomad NGO Nomad Dance Academy Macedonia, УКИМ – Факлултет за музичка уметност – Скопје, Битрикс културно уметнички центар.