Недела на детски филмови од денес до 15 октомври

Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола од денес до 15 октомври во седум градови низ Македонија ќе организира „Недела на детски филмови“.

Ќе бидат прикажани четири филма за деца од 4 до 14 години, дел синхронизирани на македонски и на албански јазик, а дел се со превод на македонски јазик.

Во соработка со дистрибутерските куќи „Узенгија“ и „Катавеј“ избрани се четири од поновата европска продукција: данскиот „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и германските филмови „Планинско чудо: Неочекувано пријателство“, „Фантастичното патување на Роби и Тоби“ и „Помош, ја смалив наставничката!“.

Филмовите ќе се прикажуваат во Гостивар, Куманово, Свети Николе, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци и Демир Хисар. Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

You May Also Like