Изложба „Современа скулптура“ на ДЛУМ

Во просториите на Младинскиот културен центар вечерва (среда, 10 април) од 20 часот ќе биде отворена возобновената изложба „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Ќе учествуваат 24 современи автори со 30 дела, а ќе биде доделена награда „Боро Митриќески“ именувана по академскиот скулптор, под покровителство на неговото семејство.

До згаснувањето во 1980-тите години изложбата се организирала насловена „Ситна пластика“ и претходно „Современа македонска скулптура“.

You May Also Like