Изложба на скулптури на Димитар Филиповски

Изложба на скулптури на академскиот скултор Димитар Филиповски, ќе биде достапно за пошироката јавност од среда (23 септември 2020) во Порта Македонија.

Изложбата ќе биде поставена за посетителите почувајќи од среда (23 септември), па се до следниот петок (2 октомври) , ќе можат да ја проследат оваа изложба и да во живо погледнат дел од неговиот творечки опус.  Авторот  пред публиката ќе се претстави бронзени скулптури – лавови излиени во најразлични форми и творечки израз.

Влезот е бесплатен, а посетителите на изложбата ќе мора да ги следат безбедносните протоколи и препораките кои државата и здравствените институции ги предвиделе, како што се носење на заштита маска, дезинфекција и индивудуална посета без групирање.

Изложбата е во организација на Центарот за промоција на култура, а е поддржана од страна на Министерството за култура со годишната програма за 2020 година.

You May Also Like