Настан на Францускиот институт во Кинотека во чест на Никола Бувие

Францускиот институт во четврток, 28 март 2019, со почеток во 17 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи дијалог на двајца реномирани француски книжевници, г-дин Cедрик Гра, патописец, и Грегоар Леменаже, уредник на културната редакција на списанието „Ле Новел Обсерватер”, на тема патописна книжевност, како и во знак на омаж на големиот патописец Никола Бувие.

По воведниот разговор, следат проекции на документарните филмови: „Бувот и китот” на Патрисија Платнер (1993) и „Враќањето на Бувие” на Јордан Плевнеш (2010). Господинот Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје, ќе се обрати пред проекцијата на документарниот филм.

Настанот е со превод на македонски јазик, а влезот е слободен.

Манифестацијата е дел од серијата настани во знак на одбележување на Франкофонијата, кои се посветени на делото на швајцарскиот автор, патописец и режисер Никола Бувие, а се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Кинотеката на Македонија.

You May Also Like