Јубилејно 25-то издание на „Охридски трубадури’’ овој септември

Овогодишната Фолк вечер на музичкиот фестивал „Охридски трубадури“ ќе понуди голем број на новосоздадени песни во духот на македонскиот мелос.

Јубилејниот, 25-ти интернационален музички фестивал ’„Охридски трубадури’’ ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември.

Организаторите велат дека проектот за сцената е готов и веќе се реализира, посочувајќи дека големата бина ќе биде поставена на Охридското Езеро во самиот центар на Охрид.

Песните се веќе снимени, а дефиниран е и списокот на странските пејачи кои ќе учестуваат на овој голем балкански музички спектакл: Ален Исламовиќ ( БиХ), Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер и групата „Колонија’’ (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), групата ’„Балканика’’, Марко Кон, Мерима Његомир и Нада Обриќ (Србија).

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат 22 песни кои ќе ги исполнат Петар Нечоски, Милован Секулоски, Благица Павловска, Кате и „Нели ти реков’’, Мерима Његомир, „Молика оне’’,’„Соната’’, ’„Скопски боеми’’, Ѓорѓи Дичоски, Сашо Николовски, Серафина Фантаузо, Зоран Христов, Дејан Добревски, Методија Столески, Руса и Раде, Мирко Вретоски, Нино Величковски, Сандра Милковска и Кумановски трубадури.

You May Also Like