Во тек е снимањето на филмот „Споменик на Мајкл Џексон“ и наскоро екипата треба да го продолжи снимањето во Македонија.
Ova e второ авторско делона сценаристот и режисерот Дарко Лунгулов, кој со неговиот претходен филм „Таму и овде“ ја доби наградата за најдобар дебитантски филм на Tribeca International Film Festival во Њујорк. Со неговиот нов проект Лунгулов исто така победи на минатогодишниот „Манаки Скрипт корнер“ за најдобро сценарио.
„Споменик на Мајкл Џексон“ e црна комедија која инспирацијата ја добива од несекојдневниот и необичен тренд на изградба на споменици на холивудски херои и поп икони на Балканските простори (Брус Ли, Роки, Тарзан…) . Но пред се, тоа е филм кој зборува за бизарноста на нашето секојдневие, зборува за расизмот, за насилството и неприфакањето на се што е ново и различно од нашето опкружување низ неколку шармантни и необични ликови.
Актерската екипа која ни ја раскажува приказаната за sпоменикот на Мајкл Џексон е составена од Драган Бјелогрлиќ, Мирјана Карановиќ, Борис Трифуновиќ и нашитe Тони Михајловскии Петар Мирчевски.
Споменик на Мајкл Џексон е ко-продукциски проект помеѓу Србија, Германија и Македонија и има финансискa поддршка од Македонскиот филмски фонд како и од Euroimage.
Авторискиот дел на тимот кој го реализира овој проект е составен од реномирана екипа на интернационални автори, меѓу кои е и Матијас Шоенинг како директор на фотографија, Кирил Спасевски e главен сценограф, за костимите се погрижи Зора Мојсиловиќ додека снимател на звукoт е Игор Поповски.
Македонски продуценти на филмот се Дрим Фектори и АкаФилм.