На денешен ден: Роден е Ристо Крле

На денешен ден (3 септември) 1900 година во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател.

Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература. Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеа драмскиот жанр во македонската литература.

Еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). За своето творештво, тој бил добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Негови познати дела се “Парите се отепувачка”, “Антица”, “Милиони маченици”, “Автобиографија”, “Велик ден” и други.

Умре во Скопје, на 29 октомври 1975 година.

You May Also Like