На денешен ден: Роден е Мето Јовановски

На денешен ден (17 јануари 1946) роден е Мето Јовановски – македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип.

Се реализирал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. За театрската актива носител е на бројни македонски и меѓународни врвни награди.

Позабележителсни филмски улоги во: „Трето полувреме“, „Големата вода“,„Пред дождот“, „Среќна Нова`49“, „Трговецот од Солун“, „Црвениот коњ“, „Време води“, „Најдолгиот пат“, тв серијата „Опстанок“.

You May Also Like