IN MEMORIAM: Почина д-р Трајко Петровски

Денес почина проф. д-р Трајко Петровски (1952 – 2020) исклучително битна научна фигура која работниот век го посвети на истражување на македонските Роми.

Трајко Петровски е роден на 18 Мај 1952 година. Докторирал во 1997 годинана катедрата по етнологија во Универзитетот во Загреб. Преку својата научноистражувачка дејност остави длабок впечаток во ромската антропологија, фолклористика, историја и јазик на Ромите како научник при Институт за фолклор “Марко Цепенков“ во Скопје.

Во историјата останува како првиот доктор на науки од ромска припадност, а неговите дела како важни историски ракописи. Кога во Македонија, ромскиот јазик беше во почетен развој, Петровски го напишал првиот ромско македонскии македонско ромски речник во 1998 година. Автор е на Ромската Граматика во издание на асоцијацијата Романо Ило.

Исто така, од неговиот ракопис сега засега, учат ученици Роми во основното образование. Автор е на учебниците по предметот Јазик и култура на Ромите за трето, четврто и петто одделение. Од научно-истражувачка дејност, значајни дела се каландераските обичаи на Ромите и етничките карактеристики на ромското население во Македонија.

Во 2017 година ја издал и Историјата на Ромите во Македонија и Балканот.

You May Also Like