Венеција воведува туристичка такса до десет евра

Венеција, која годишно ја посетуваат 24 милиони туристи, планира да воведе туристичка такса во износ до 10 евра.

Висината на таксата ќе се движи од 2,5 до 10 евра по лице, зависно од тоа дали посетителите доаѓаат во или надвор од сезона.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро појасни дека парите од таксата ќе бидат користени за покривање на високите трошоци за одржување и чистење на градот.

Италијанската Влада ја одобри новата мерка, со која градот ќе добие дополнителни десетина милиони евра.

Италијанците долго време се жалеа дека туристите и излетниците уживаат во градот без голем економски придонес. Од 24 милиони туристи кои ја посетуваат Венеција годишно, 15 милиони се излетници, од кои најголем број си носат храна и не трошат воопшто пари во градските кафулиња и ресторани.

Поради невообичаената географија на Венеција, услугите, како што е транспорт на ѓубре, се до 40 отсто поскапи отколку во другите италијански градови.

You May Also Like