На денешен ден: Роден е Јован Котески

На денешен ден (14 јануари, 1932) во селото Присовјани, Струшко, е роден Јован Котески, македонски поет.

Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Во 1985 година, во ситуација што подоцна ја опишува како кафкијанска, е уапсен во својот дом во Скопје и осуден на петгодишна робија.

Обвинувањето го товари за илегално работење на уривањето на Југословенската Федерација и за создавање независна македонска држава. За време на судењето, еден од обвинителите, за Котески барал казна затвор од 20 години.

Припаѓал на последната група политички затвореници-интелектуалци во поранешната југословенска федерација.

Додека бил во затвор, сите збирки поезија на Котески биле повлечени од книжарниците и од библиотеките. Меѓу неговите дела најпознати се: „Земја и страст“, „Насмевка пред зорите“ (1958), „Злодоба“ (1963), „Сенки“ (1972), „Хераклеја“ (1978), „Поморија“ (1981), „Бденија и сновиденија“ (1982), „Тапија“ (1985), „Живожарица“ (1990), „Сончева белегија“ (1990),„Злодоба“ (1992), „Решетки“ (1996), „Одрон“ (1998), „Разор“ (1999).

Умрел во Скопје, на 12 јули 2001 година.

You May Also Like