Арда Мустафаоглу примен како прворангиран на Универзитетот во Хамбург

Пијанистот Арда Мустафаоглу примен на Универзитетот во Хамбург како прворангиран….

Со максимален број на освоени поени, Арда Мустафаоглу е примен на студии на Факултетот за музика и театар на Универзитетот во Хамбург,  кој е еден од педесетте највисоко рангирани светски универзитети од областа на уметностите.

Интензивните подготовки со проф. д-р Милица Шкариќ, придонесоа Арда да се претстави со извонредна изведба на делата во двете етапи на приемниот испит пред Комисијата составена од врвни светски пијанисти.

Арда Мустафаоглу е единствениот примен студент во прва година кој ќе студира во класата по пијано на една од најдобрите концертни пијанисти на денешницата, Ана Виницкаја.

You May Also Like